вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 154
home Хроника

Тепачка во Илинден: Нападнат бидејќи сакал да влезе во објект каде имало приватна забава

Тепачка во Илинден: Нападнат бидејќи сакал да влезе во објект каде имало приватна забава

Дваесет и четири годишниот Ф.Д. од Марино вечерта по Нова година дошол во угостителски објект во населба Илинден, но откако не му било дозволено да влезе, бидејќи имало приватна забава започнал да се однесува агресивно.

По кратка вербална расправија помеѓу него и лицата М.А. (16) и Б.Ѓ. (26) од населба Илинден и В.М. (17) и Д.М. (18) од с.Марино настанала тепачка, информираат од полицијата.

После тепачката, Д.Б. (42), сопственик на угостителскиот објект, физички го нападнал Ф.Д.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.