недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 14
home Хроника

Тепачка на затвореници во Идризово, осуденик тешко повреден

Тепачка на затвореници во Идризово, осуденик тешко повреден

Тепачка меѓу двајца затвореници настанала вчера во амбулантното одделение во Казнено поправна установа -Затвор Идризово, информираат од МВР.

Инцидентот се случил околу 12:15 часот помеѓу затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42), при што на Д.Р. му биле нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија.

Повредениот затвореник бил задржан на Клиниката на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.