четврток, 21. јуни 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Татко и син претепани во кафеана во Тетово за Нова година

Татко и син претепани во кафеана во Тетово за Нова година

С.С., неговиот брат Ѓ.С. и уште едно лице сите од Тетово вечерта на Нова година физички нападнале татко и син во угостителски објект на ул. „Јане Сандански“ во Тетово, информираат од полицијата.

-Лицата извршиле „насилство“ врз Л.Т. (42) и неговиот син Б.Т. од Тетово. Тие ги удирале со тупаници и клоци по главата и телото, а искршиле чаши и шишиња од неколку маси. Откако забележале дека сопственикот на објектот побарал полициска интервенција, сторителите побегнале во непознат правец, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.