Хроника

Средношколка од Тетово возејќи се излетала од комбето

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Р.(41) од Тетово за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност“.

 

На 27.04.2017 година, на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, пријавениот додека превезувал група ученици при Средно Медицинско Училиште “Никола Штејн“ во Тетово поради отворена задна шибер вратана возилото, на една од кривините по патот ученичка изгубила рамнотежа и паднала низ отворената врата од комбето на асфалтната површина, здобивајќи се со тешки телесни повреди во пределот на главата.