Хроника

Се скарале поради дрва, едниот завршил во Болница

44 годишниот А.Х. е повреден откако по вербална расправија за огревни дрва настанала тепачка со 21 годишниот Т.М, при што Т.М. со остар предмет му нанел повреди во пределот на лицето на А.Х.

На 44 годишниот маж му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар Кичево, но поради тежината на повредата, тој би пренесен на натамошно лекување во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево, при што пронајден е нож. Се преземаат мерки за документирање и целосно расчистување на случајот.