Хроника

Разбојништво во скопски маркет

Приведено е лицето З.Ѓ. кое вчера се обидело да изврши кражба во маркет на улицата „Кузман Шапкарев“ во скопската населба Ѓорче Петров.

policija znak

Како што соопшти полицијата, разбојникот ја нападнал касиерката по што реагирало обезбедувањето, пријавувајќи го случајот.

Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и го привеле З.Ѓ.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.