Хроника

Прегазен пешак во Скопје се бори за живот

Вчера околу 15,00 часот во Скопје на улица „Финска“ се случила сообраќајна незгода во која додека 81- годишниот пешак Д.С.  од Скопје кој се движел на тротоарот, бил удрен од патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од 18- годишниот М.А. од Скопје.

По незгодата лицето Д.С. со возило на итната медивинска помош било пренесена во Ургентниот центар Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на неколку ребра, карлица и потрес на мозокот) и било задржана на понатамошно лекување.