Хроника

Пожар во училиште во делчевско

Пожар од непознати причини избувнал вчера околу 15:25 часот во основното училиште во делчевското село Тработивиште.

Од МВР информираат дека пожарот избувнал на првиот кат од училиштето во ходникот.

Истиот бил изгаснат околу 16:45 часот, а предизивикана е мала материјална штета.

Увидот треба да покаже од кои причини настанал пожарот во училиштето.