Хроника

Пожар во Кавадарци, изгоре дел од куќа

Изгоре дел од куќа во пожар кој избувна попладнево во Кавадарци. Во пожарот нема повредени лица.

 

Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека пожарот е изгаснат, оти било реагирано на време и не било дозволено тој да ја зафати целата куќа.

– Не дозволивме пожарот да се прошири на останатиот дел од куќата и соседните објекти. Интервениравме со две противпижарни возила и тројца пожарникари, а на помош ни дојдоа и едно возило со двајца пожарникари од компанијата „Кожувчанка“, соопшти Богевски.

Нагласи дека запалениот објект бил на тешко пристапен терен, а дополнителен проблем претставувале непрописно паркираните возила наоколу.