вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 94
home Хроника

Повредени 17 лица во сообраќајки викендов во Скопје

Повредени 17 лица во сообраќајки викендов во Скопје

Две лица се потешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки се полесно повредени 15 лица, а во осум е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека за време на викендот сообраќајната полиција санкционирала 99 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, десет возачи кои поминале на црвено светло, осум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување и 12 возачи за неправилно престигнување.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 56 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и две технички неисправни возила и 42 нерегистрирани возила. Затекнати се и 163 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак отстранети се 157 возила.