сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 54
home Хроника

Оштетен патнички воз во близина на Гостивар

Оштетен патнички воз во близина на Гостивар

Патничкиот воз бр. 660 што сообраќа на релација Скопје-Кичево, вчера во 18:10 часот наишол и удрил во поставени камења на делот од пругата меѓу железничките станици Жеровјане и Гостивар, при што од ударот е предизвикано оштетување на моторот и карданот, поради што возот застанал веднаш по ударот.

Како што информира МВР, повредени патници нема, а железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин.

Во 23 часот сообраќајот е нормализиран.