Хроника

Опожарена викендица на Попова Шапка

Ноќта помеѓу петок и сабота од засега неутврдени причини на неутврден начин избувнал пожар во викендичка на Попова Шапка сопственост на Х.Џ.(41) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според пријавата на сопственикот, пожарот избувнал во ходникот на приземјето и се проширил на останатите делови на викендичката по што бил изгаснат, а штетата според сопственикот се проценува на 1.800.000 денари.

Полицијата извршила увид, го фотодокументирала местото и работи на утврдување на причините за пожарот.