Хроника

Обид за убиство во Тетово, го избодел зетот со нож

Четириесет и две годишниот А.А. од Зајас е сериозно повреден од братот на неговата сопруга. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот во тетовската болница.

 

Според информациите од полицијата А.А. и М.Д. (30) во кичевско Горно Строгомиште биле во болницата да ја посетат нивната сопруга и сестра, по што братот вознемирен од лошата здравствена состојба на сестра си почнал да го обвинува зетот на истото, извадил нож и му нанел удобни рани во пределот на левото рамо и левата нога.

Повредениот зет во сериозна состојба, но надвор од животна опасност е задржан на болничко лекување. Напаѓачот кој избегал, подоцна сам се пријавил во тетовската полициска станица.

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, ножот и други траги се предадени на вештачење.

Против напаѓачот ќе биде поднесене кривична пријава за обид за убиство.