Хроника

Му платиле со фалс евра, не пријавил туку ги пуштил во оптек

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против П.Д. (87) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Пријавениот, кој се занимава со продажба на бижутерија на Широк сокак во Битола,  вршел продажба на неговите производи и примил фалсификувана банкнота од 50 евра, за која забележал дека е фалсификат и не ја пријавил на надлежна институција туку ја пуштил во оптек.