понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Момчиња претепани во студентскиот дом „Пелагонија”

Момчиња претепани во студентскиот дом „Пелагонија”

Во 04:40 часот утрово, 20-годишниот Г.Д. од Дојран пријавил дека истиот ден околу 04 во ходникот на Студенски дом “Пелагонија“ во Скопје, тој и неговиот другар А.В.од село Злаести, биле физички нападнати.

Како напажачи ги идентификувал лицата Д.С. од Пробиштип, К.К. и Т.Н. двајцата од Струга и од уште едно непознато лице.

Притоа напаѓачите ги удирале Г.Д. и А.В. со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.