Хроника

Момче се бори за живот, тешко повредено откако пукале во него

Дваесет и седум годишниот Г.Б. се бори за животот откако вчера бил застрелан со пиштол.

 

pukanje

Од МВР информираат дека настанот кај нив е пријавен вчера околу 4:35 часот.

Имено, две засега непознати лица дошле со возило на улицата „Пуштанска“ во Скопје и започнале расправија со Г.Б., по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон него нанесувајќи му прострелна рана во пределот на десната надколеница и други повреди.

Напаѓачот избегал со возилото, а повредениот бил пренесен во ГОВ „Св.Наум Охридски“ каде му се контатирани тешки повреди и се наоѓа во животна опасност.