Хроника

Маж во неконтактибилна состојба итно пренесен во штипската болница

Полицијата вчера околу 13 часот добила телефонска пријава дека на патот Бања Кежовоца–депонија Штип, кај место викано„Трештена скала“ има повредено лице во близина на трактор.

-На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР-Штип и во присуство на Јавен обвинител бил извршен увид, при што било констатирано дека истиот ден околу 12:50 часот, С.К. (52) од Штип управувал трактор во насока Бања Кежовоца–депонија Штип, при што истиот најверојатно паднал од тракторот. Од екипата од Итна медицинска помош С.К. во неконтактибилна состојба бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му биле констатирани телесни повреди, информираат од полицијата.

По укажаната медицинска помош, истиот иако е вон животна опасност, бил задржан за понатамошно следење и лекување.

Поради неконтактибилноста на повреденото лице, не може да се утврди под какви околности настанала повредата.

Полицијата работи на целосно расчистување на настанот.