Хроника

Кривична пријава за жител на Кичево кој физички ја нападнал невенчаната сопруга

Полициската станица од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ поднесе кривична пријава против 36-годишниот С.П. кој физички ја нападнал невенчаната сопруга.

Тој на 3 мај околу 23 часот при расправија со неговата невенчана сопруга и нанел повеќе удари по главата и целото тело. Повредената се здобила со модринки и отоци по целото тело.

– Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска“ во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по целото тело, информира портпаролот на СВ-Охрид, Стефан Димоски.