Хроника

Кривична пријава за скопјанец за кражба на мобилен телефон

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична  пријава  против Б.К. (33)  од Скопје.

Како што соопшти портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во згодна прилика со бесправно одземање на мобилен телефон марка „Ајфон 6“ од ресторантот „Мекиците на Стража“ на превојот „Стража“.

-Б.К. искористил момент на невнимание на оштетениот и во погоден момент го одзел мобилниот телефон оставен на една од масите каде  бил со неговото семејство, појасни Димовски.