Хроника

Кривична пријава за двајца кичевчани за незаконит лов

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (36) од кичевското село Извор и С.К. (32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит лов“.

При контрола извршена на 10 февруари, во 23 часот и 30 минути, двајцата пријавени се затекнати во лов на дивеч во ловиштето „Турла“ во кичевското село Прострање.

Притоа, кај нив пронајдени се и одземени една ловна пушка марка „ЗЦ“ калибар 16 милиметри без дозвола за поседување, два патрона калибар 16 милиметри и една батериска ламба, информираа од СВР-Охрид.