сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Хроника

Крадец фатен на дело: Совладан од обезбедувањето на скопска клиника (ВИДЕО)

Крадецот наводно крадел чанти од автомобилите, а не бил ниту суптилен, автомобилите не ги отклучувал, туку ги кршел прозорците.
Крадец фатен на дело: Совладан од обезбедувањето на скопска клиника (ВИДЕО)

Корисник на Фејсбук сподели видеоснимка, на која е прикажано апсењето на крадеца кој бил фатен на дело во кругот на Клиничкиот центар.

Арамијата оперирал по автомобилите паркирани на паркингот на Клинички, а на снимката се гледа дека го совладало клиничкото обезбедување, кое, според сведоци, им го предало крадецот на Алфите.

Крадецот наводно крадел чанти од автомобилите, а не бил ниту суптилен, автомобилите не ги отклучувал, туку ги кршел прозорците.