сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 54
home Хроника

Измамници во Ѓорче Петров: Го прелажале со бижутерија и му ги земале сите пари

Измамници во Ѓорче Петров: Го прелажале со бижутерија и му ги земале сите пари

Вчера во 17.00 часот С.М.(68) пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на улицата „Македонски војски“, во паркот Ѓорче Петров, од страна на две лица му била извршена измама и бил оштетен за 810 евра и 4.000 денари.

Имено, сторителите измамата ја извршиле на тој начин што се расправале меѓу себе поради наводна случена сообраќајна незгода помеѓу нив. Едниот од нив се претставил како израелски државјанин кој во Република Македонија работи како бизнисмен и дека треба на другото лице да му исплати 50 евра штета за собраќајката, но не му верувал дека во Македонија се користат евра.

Двајцата сторители на оштетениот му побарале да донесе евра за да се увери израелскиот државјанин дека се користат во Македонија. По ова С.М. отишол дома и со себе земал 810 евра во различни апоени и откако се вратил, му ги покажал на сторителот кој се претставувал како израелски државјанин.

Во тој момент на оштетениот му понудиле златна алка која наводно чинела 10.000 евра за да им ги даде сите пари кои ги имал за сторителите да отидат до возилата за да земат пари за наводната оштета. На оштетениот исто така за услугата му ветиле 500 евра подарок, на што С.М. се согласил, им ги дал парите и ја земал алката. Откако сторителите си заминале оштетениот извршил проверка кај златар на алката и било констатирано дека се работи за обична бижутерија.

Со извршената измама сторителите се здобиле со против правна имотна корист од 53.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.