Хроника

Хорор во Волково: Група малолетници ѕверски претепаа момче

Момче од Волково е тешко повредено откако го претепале десетина лица.

-На 12.10.2017 година во 03:00 часот С.К.(41), пријавил дека на 11.10.2017 година околу 21,30 часот на ул.“101“ во с. Волково, физички бил нападнат неговиот 15- годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години, информираат од МВР.

Имено, додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото.

Од силните удари се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.