Хроника

Физички нападнат малолетник на Партизанска во Скопје

Две непознати лица вчера попладне во Скопје физички нападнале малолетник удирајќи го со тупаници.

МВР соопшти дека вчера во 17,50 часот во Скопје, на бул.„Партизански Одреди“ на автобуска постојка две непознати лица физички нападнале 16-годишен малолетник од Скопје удирајќи го со тупаници и се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, а откако не успеале избегале.

Се превземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.