понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Хроника

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп

Едно лице е потешко повредено во сообраќајка што се случила вчера напладне на патниот правец Битола – Прилеп, пред село Тополчани.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Мерцедес” со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.В.(62) од Ресен и товарно моторно возило „МАН” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.М.(46) од Берово.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило С.В., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола, додека на возачот од товарното возило констатирани му се телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот, соопшти МВР.