Хроника

Две лица претепани во угостителски објект во Скопје

МВР информира дека на 13.09.2017 година околу 20:50 часот во угостителски објект на ул. „11 Октомври“ во Скопје дошло до нарушување на jавниот ред и мир.

Лицата Ф.Т. (45) и И.Х. (56), двајцата од Скопје, кои седеле со уште две лица во објектот, физички биле нападнати од страна на повеќе лица, меѓу кои биле Е.Р. и М.Р. од Дуќанџик.

Физички биле нападнати само Ф.T. и И.Х, додека на другите двајца им било кажано да се тргнат на страна. П

ри тепачката бил искршен поголем дел од инвентарот од локалот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.