среда, 19. септември 2018. Вести денес: 139
home Хроника

Драма во Слупчане: Демолирале ресторан на Нова година поради судски процес

Драма во Слупчане: Демолирале ресторан на Нова година поради судски процес

Шест лица демолирале ресторан во Слупчане, Липково на 1-ви околу 1:20 часот поради судски процес.

Имено како што информираат од полицијата, лицата од кои едно познато на сопственикот Р.М. (22) влегле во ресторанот и по кратко време почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан.

-Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата. Истовремено едно од  лицата земало чаша со која го удрил А.Г. (39) од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и Б.С. (38) од Куманово, информираат од полицијата.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот и  се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.