недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 51
home Хроника

Дете прегазено во тетовско, возачот избегал

Дете прегазено во тетовско, возачот избегал

Девет годишно дете е прегазено вчера околу 13 часот во тетовска Мала Речица од патничко возило „Голф“, кое веднаш го напуштило местото.

-Од удирањето, пешакот задобил телесни повреди, пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување.Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е неприлагодена брзина, информираат од СВР Тетово.

Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на возилото и возачот, учесник во несреќата.