Хроника

Детали за сообраќајката во Куманово во која се повредени 14 лица

Во сообраќајната несреќа што се случи на клучката од автопатот Табановце – Куманово со тешки телесни повреди се здобиле двајца албански државјани.

Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле уште 12 лица на кои им е укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи вчера во 17:10 часот, а во неа учествуваа „ленд ровер“ со национални ознаки од Република Албанија, автобус МАН со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И., роден 1977 година од Врапчиште и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип. Во автобусот се превезувале 56 патници.

Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.