Хроника

Детали за сообраќајката кај Гостивар, повредено едно лице

Триесет и едно годишниот В.З. од Желино се здобил со тешки повреди, фрактура на три прсти на раката, во сообраќајка несреќа која синоќа околу 19:10 часот се случила на патот Гостивар-Кичево, кај исклучокот за Гостивар.

 

Од полицијата за Курир велат дека несреќата се случила меѓу автомобил „Шкода октавија“ со која управувал скопјанецот С.С. (35) и мотор Кавасаки без таблички управуван од повредениот В.З.

Мотоциклистот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар каде му се биле констатирани тешки повреди, фрактура на три прсти на раката, и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.