Хроника

Детали за несреќата во која загина средношколец во Струмица

Седумнаесет годишен ученик од селото Босилово загина вчера откако паднал од кошот во училишниот двор.

Тој се качил на железната конструкција на кошот поставен во училишниот двор, по што се спуштил на асфалтната подлога со двете нозе, а потоа паднал на грб и на глава по што изгубил свест.

-Професорот по фискултура му укажал прва помош, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата Болница-Струмица, каде во 10, 10 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото била предадено на обдукција.