среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 121
home Хроника

Бадниковата вечера се претворила во трагедија: Се запали семејна куќа во Крива Паланка!

Бадниковата вечера се претворила во трагедија: Се запали семејна куќа во Крива Паланка!

Десет пожарникари и четири противпожарни возила го гаселе големиот пожар кој избувнал на Бадник во семејна куќа на улицата 8 Октомври, во населбата Маневци во Крива Паланка.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Коцевски, информира дека во празничниот продолжен викенд целата единица била мобилизирана на шести вечерта.

Поради специфичноста на пожарот и неможноста преку замрзнатиот кров да се направи вентилација,од четири екипи пожарникари, двајца вдишале чад.

– Дојавата е примена на Бадник во 21 часот и 16 минути и упатено е едно возило со тројца пожарникари. Веднаш е побарана мобилизација на цела единица, а за пет минути дојдоа уште две возила и пет пожарникари. На лице место затечен е станбен објект со зафатен покрив, со лимена конструкција, а една екипа интервенираше со внатрешен напад и две во обид да направат вентилација на покривот, но поради цврстата конструкција не се направи. Лицата од објектот на време се евакуирани и спасени се поголем дел мебел и покуќнина, истакна Коцевски.

Ова е прв пожар годинава, а за жал беше од поголеми размери, со голема материјална штета.

– Во интервенцијата се употребени 16 боци со кислород,а двајца од вкупно десетте пожарникари кои учествува во интервенцијата поради вдишување чад беа пренесени во Здравствен дом Крива Паланка, каде им е укажана првз помош, додаде Коцевски.

Пожарот бил локализиран во 3 часот на седми јануари, а истиот ден во 9 часот и 30 минути е ликвидиран.

Интервенцијата е целосно завршена во 11 часот и 30 минути, а е втора по една техничка од почетокот на 2018 година.