понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 45
home Хроника

Автомобил излета од патот Кавадарци- Неготино, двајца повредени

Автомобил излета од патот Кавадарци- Неготино, двајца повредени

Автомобил излетал од патот Кавадарци-Неготино, двајца се здобиле со повреди во вчерашната сообраќајка, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Сообраќајната незгода се случила на излез од кавадаречкото село Марена. Патнички автомобил марка „даеву матиз“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.И.(37) од Неготино, излегол од патот, појаснува Додевски, пренесува МИА.

Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на автомобилот и тринаестгодишниот сопатник од Неготино.