среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 115
home Македонија

Фијаско на Заев, Анѓушев и Тевдовски: Паѓа јавната потрошувачка, потфрла наплатата на ДДВ, следуваат нови задолжувања

Најновите податоци од МФ покажуваат дека за 11 месеци годинава во државната  каса од ДДВ се собрани  26 милиони евра помалку од планираното.
Фијаско на Заев, Анѓушев и Тевдовски: Паѓа јавната потрошувачка, потфрла наплатата на ДДВ, следуваат нови задолжувања

Ќе потфрли наплатата на ДДВ за 2017. Граѓаните ја губат довербата во економските политики на државата  и се намалува јавната потрошувачка. Ако не се собере данокот во планираниот износ ќе има нови задолжувања, сметаат дел од експертите. Најновите податоци од МФ покажуваат дека за 11 месеци годинава во државната  каса од ДДВ се собрани  26 милиони евра помалку од планираното, анализира Сител.

Од друга страна за да се оствари прокецијата на МФ ќе треба во декември од ДДВ во буџетот да се инкасираат близу 92 милиони евра што според дел од експертската јавност е неостварливо.

Според финансискиот консултатнт Рафајловски ДДВ паѓа 4 години по ред, а Владата мора да се зафати со сериозни реформи.

-Пад на јавната потрошувачка или пад на ДДВ е пораз за секоја економија и заради тоа новата Влада ќе мора многу сериозно да се зафати во наредната година со вистински реформи а не вакви како што предложи сега во овој момент бидејќи ќе бидат потребни за економски напредок на РМ, вели Рафајловски.

И неиздавањето на фискални сметки односно затајувањето на ДДВ има голем удел во намалената наплата. Ако не се издаваат сметките нема да потфрли само ДДВ туку и целиот даночен систем.

-Да се децентрализира Управата за јавни приходи во рамките на општините или регионите тие сами да се грижат за собирањето на ДДВ така ќе бидат најзагрижени, бидејќи ако не ги соберат тие пари тогаш ќе немаат воопшто пари за општинското работење или развој, вели Рафајловски, пренесува Сител.

Неофицијално од МФ велат дека една од причините за намалените нето приходи по овој основ е поради забрзаниот  поврат на ДДВ во стопанството.Односно, во периодот септември- ноември износот е за 26 отсто повисок од истиот период лани.