сабота, 23. јуни 2018. Вести денес: 0
home Економија

Во новата 2018 доаѓа бран поскапувања – првиот ќе го почувствуваме веќе од првиот ден

Во новата 2018 доаѓа бран поскапувања – првиот ќе го почувствуваме веќе од првиот ден

Нов бран поскапувања во 2018. Ќе поскапи речиси се. Зголемената цена на Нафтата ќе донесе зголемени цени на  лебот, млекото, јајцата, автобуските карти за градскиот и меѓуградскиот сообраќај па дури и кафето во кафулињата. Од нова година почнуваат повисоките пресметки  и за водата и парното греење. Но нема да бидат исклучени ниту цигарите. Ценовниот шок ќе почне од 1 јануари, анализира ТВ Алфа.

Зголемената акциза за 3 денари на нафтата, заедно со ДДВ би значело дека ќе плаќаме 3,54 денари повеќе за литар. Либерализацијата на струја најверојатно ќе донесе поголеми сметки за домаќинствата, а воведувањето на калориметри на радијаторите ќе значи и повисоки трошоци за граѓаните.

Сметките за парно ќе останат исти само за оние кои нема да воведат калориметри и ќе плаќаат топлинска енергија паушално. А доколку домаѓинствата сакаат да плаќаат за потрошеното ќе мора да стават мерачи кои пак ќе чини најмалку 300 евра – 200 евра за 4 радијатори и 100 евра за адаптирање на потстаницата, а за да се постават, треба да ги вградат барем 80% од станарите во зградата.

Од Владата уверуваа дека ќе најдат начин да ги платат калориметрите преку искористување на разни фондови, а во новите згради дека ќе паднат на товар на инвеститорите. Но сепак вицепремиер Анѓушев им пораќа на граѓаните доколку сакаат пониски сметки ќе мора да научат да штедат.

Домаќинствата се уште се во паника од поскапувањето на дизелот. Прават пресметки колку растот на цената ќе удри врз семејниот буџет. Доколку едно семејство во просек троши 70 литри дизел месечно, на бензиска станица редовната сметка, сега ќе им се зголеми за дополнителни 245 денари.

Од прехранбените производи, пекарите веќе најавија дека во јануари ќе замесат нова цена на лебот.

Новите општински власти како борба против загадувањето објавија зголемување на цената на паркинг услугите.

Штета ќе трпат и јавните претпријатија. И за приватниот сектор ова ќе бидат огромен трошок, реагираат транспортерите.

Се уште не се знае колку и либерализацијата на пазарот на струја ќе удри врз домашниот буџет. Иако владата уверува дека цената нема да расте, таа сепак нема да зависи од нивните изјави, туку од цената на електричната енергија која ќе биде во моментот на отворениот пазар. Оваа регулирана цена од државната регулаторна комисија ќе важо до крајот на идната година.

Инаку, само за потсетување, од 2019-та ќе стартува и моделот на прогресивен персонален данок, кој ќе удри врз граѓаните со повисоки примања.

И додека Владата ветуваше живот и плата од 30.000 денари, како и јакнеење на средната класа, повисоките цени на сите производи ќе им се удрат од глава на граѓаните.

Со сите најавени мерки кои ќе ги спроведува власта, првенствено се осиромашува и онака сиромашното население. Ќе им треба повеќе пари за основните потреби, како храна, облека, превоз, па така останува многу малку за другите потреби. Познавачите коментираат дека се позивесно е дека мерките и политиките на власта на сдсм ќе вратат две класи во државата- сирошни и богати.