понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 45
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги задолжи граѓаните 1,4 милијарди евра- проекти нема, повисоки плати и пензии нема

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги задолжи граѓаните 1,4 милијарди евра- проекти нема, повисоки плати и пензии нема

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ неконтролирано и расипнички се однесува со парите на граѓаните во Република Македонија. Сведоци сме на секојдневно осиромашување, економијата тоне, а трошоците за живот растат. Оваа Влада на СДСМ во деветмесечното владеење граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра.

Проекти нема, повисоки плати и пензии нема, подобар стандард нема! Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани!

Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики прстот го вперува кон политичките неистомисленици прогласувајќи ги за терористи.

Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со досега невидени обвиненија за тероризам.

Притворените во врска со настаните од 27-ми април не се терористи. Тоа се луѓе кои не се плашеа гласно да говорат против штетните политики на СДСМ и Зоран Заев. Секое продолжување на притворот од страна на Судот е порака до сите неистомисленици и до сите оние кои размислуваат различно од СДСМ.

Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам.

Правосудството во Република Македонија мора своите пресуди да ги темели врз почитување на законите и Уставот. Досегашните судски процеси покажаа дека ова е класична политичка хајка за замолчување на сите оние кои си ја сакаат оваа држава.

Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок.

Партискиот прогон од страна на СДСМ и институциите под нивна контрола мора да запре.

Власта предводена од СДСМ треба да прекине со сите институционални злоупотреби во државата.

Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија.