недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Економија

Владата на 13-ти овој месец планира да се задолжи за нови 36 милиони евра

Владата на 13-ти овој месец планира да се задолжи за нови 36 милиони евра

Задолжувањата не застануваат, на овој месец на 13 е закажана аукција на државни хартии од вредност. Имено, владата планира да ја задолжи Македонија за 2.220.000.000 денари или 36 милиони евра, пишува Економски.мк.

Во календарот на задолжувања што го објави Министерството за финансии секој месец има закажано по две задолжувања на домашниот пазар.

На 13 овој месец е закажана аукзија на државни хартии од вредност и тоа на  12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.315.000.000 денари , 12 месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 300.000.000 денари, 3 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 150.000.000, 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400.000.000 денари и 15 годишни државни обврзници без клаузула во износ од 55.000.000 денари.

Задолжувањата се алармантни бидејќи Македонија само во 2018 година односно само   во месец јануар е задолжена со еврообврзница за пола милијарда евра плус двете задолжувања во износ од 97 милиони евра односно вкупно 597 милиони евра. Ако се додадат и овие нови 36 милиони евра  од закажаната аукција на 13 овој месец долгот само во 2018 година изнесува 633 милиони евра задолжување.

 

Во текот на 9 месеци од владеењето на СДСМ  Македонија  е задолжена околу 1,3 милијарди евра бруто задолжување додека според пресметките нето задолжувањето е 700 милиони  евра. Тоа значи дека тоа се  средства со кои располага владата на СДСМ а притоа јавноста не знае каде се трошат тие пари. Не е изграден ниту еден инфраструктурен проект односно парите не се вложени во изградба на проекти кои ќе имаат долгорочен позитивен ефект. Владата на СДСМ ветуваше транпарентност во работењето и информирање на јавноста за битни одлуки за државата но ништо од тоа не исполни. Новата влада не ја информираше јавноста каде планира да ги потроши парите кои треба да ги враќаат граѓаните и идните генерации на Македонија.