сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Економија

Со доаѓањето на СДСМ на власт јавниот долг е зголемен за 0,7%

Со доаѓањето на СДСМ на власт јавниот долг е зголемен за 0,7%

Со доаѓањето на СДСМ на власт јавниот долг на Република Македонија е зголемен за 0,7% додека државниот е зголемен за 0,8%. Поради се почестите и енормни задолжувања кои ги прави владата предводена од СДСМ, за само 7 месеци значително е зголемен јавниот долг на државата.

Како што може да се види во табелата која ја објави министерството за финансии, СДСМ власта ја презеде кога јавниот долг беше 46% од БДП, додека на крајот на годината тој изнесува 46,7% од БДП.  Во пресметките на министерството не влегуваат задолжувањата од околу 600 милиони евра кои за само еден месец во новата година ги направи Тевдовски. Со тоа процентот на зголемување на јавниот долг е уште многу поголем.

Пред да дојде СДСМ на власт јавниот долг на Република Македонија од 2015 се намали од 48,5% на 46%, за да сега со нивните лоши економски политики повторно почнува да расте.

СДСМ додека беше во опозиција постојано велеа дека јавниот долг се зголемува и дека треба да се запре со задолжувањата. Исто така СДСМ манипулираше со граѓаните дека кога ќе дојде на власт нема да се задолжуваат. Но само за 8 месеци откако е на власт, задолжувањата кои ги направи владата на Зоран Заев и СДСМ надминуваат бројка од една милијарда и триста илјади евра.

Неконтролираните задолжувања на владата на СДСМ со засилено темпо се  повеќе го зголемуваат јавниот долг на Република Македонија. Граѓаните се повеќе се загрижени дека со ова се загрозува иднината на идните генерации кои ќе мора да ги исплаќа долговите на владата на Зоран Заев.