Економија

Слободен пад на економијата: За три и пол месеци затворени 100 домашни бизниси, 480 лица отпуштени

Безмалку сто милиони евра помалку директни стански инвестиции имало во Македонија во првото полугодие, споредено со истиот период лани, информираат од НБРМ.

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, но и од односот што јавно се гледа, работите одат во лоша насока, ќе продолжи трендот на намалување на странските инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за овие податоци.

–Можеби еден период државата ќе се вади на тоа што претходниот период се започнати градби, се започнати отворање на нови капацитети и можеби во првите шест месеци до една година, тоа нема до толку да се почувствува. Меѓутоа како времето ќе одминува со оваа политика која ја води владата ќе се гледа дека се помалку има нови странски инвеститори и тоа ќе значи намалување на трендот на намалување на невработеноста. Тој тренд ќе го почувствуваат најмногу невработените, а ќе го почувствуваат и вработените затоа што нема да постои притисок за зголемување на нивните плати, бидејќи единствениот начин да се зголемуваат платите е кога има притисок со нови вработувања и кога новите компании бараат да преземат вработени од постоечките компании. Тоа се помалку ќе го има, рече Груевски неодамна.

Странските инвеститори ја напуштаат земјата поради игнорантскиот однос на новата Влада, неколку илјадни граѓани ќе останат без работа, градежништвото застана, индустријата опаѓа. Ова е резултатот од првите три месеци работа на владата на Зоран Заев и СДСМ.

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање. Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција. Поради отворениот прогон што го врши Владата на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот
капитал да го пренасочат во други држави кои имаат одговорни влади. Затоа сѐ уште не се знае конечниот број лица кои ќе останат без работа. Нивниот број е секако многу поголем, а се стравува дека може да
достигне и 20.000.

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.