Економија

Прашалник за идентификување на организациите кои се бават со социјално претприемништво во Македонија

Проектот ко-финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центарот за истражување и креирање политики Смарт Старт, почнува со мрежно поврзување на граѓанските организации и нивните капацитети, зајакнато застапување за промена на политиките во насока на развој на социјалното претприемништво, и подобрување на капацитетите за управување со менторска поддршка на добрите брендови. Проектот досега помина низ неколку фази, а истовремено се спроведува во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција.

Во наредниот период се очекува проектот да резултира со создавање на нова генерација граѓански организации кои ќе бидат попрофесионални и повеќе посветени на нивните мисии, корисници на услуги и општеството во целина. Од нив ќе се очекува да бидат посветени и на развивање на партнерство со компании од бизнис секторот, што на крајот ќе резултира со остварување на придобивки за сите страни.

Во оваа фаза Смарт Старт сака да мапира колку што е можно повеќе граѓански организации од земјата кои сакаат да отпочнат со економски активности, граѓански организации кои вршат економски активности и да создаде именик на социјални претпријатија кои се основани од граѓански организации.

За таа цел има повик на граѓанските организации да пополнат три прашалници: