Економија

Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2017 се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 на годишно ниво.

 

Според Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2017 продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,7 проценти, Енергија за 0,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 процента, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во јуни 2017 во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 1,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 процента.