понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 63
home Економија

Нова цена на горивата од полноќ

Нова цена на горивата од полноќ

Регулаторната Комисија за Енергетика пред две недели ја донесе одлуката за новата цена на бензинот и дизелот.

Тогаш малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значи уште едно поскапување.

Цената на дизелот остана иста, но сепак периодов ја надмина границата од 60 денари.

За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари.

За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Новата цена, Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти во текот на денешниот ден, а ќе почне да важи од полноќ.