вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 90
home Економија

Ништо добро за Македонија на економски план во 2018-та година

Речиси и да не постои сектор кој не е погоден од ваквите лоши политики. Намалено е производството, индустријата но и градежништвото што беше главен двигател на економијата каде новата влада на еден неразбирлив начин ги стопира речиси сите предвидени проекти.
Ништо добро за Македонија на економски план во 2018-та година

Катастрофалните економски политики водени од владата на СДСМ што ја предводи Зоран Заев полека но сигурно почнаа да ја газат македонската економија.

Седум месеци откако СДСМ се на власт бруто домашниот производ ( БДП ) никако да мрдне од место.

Во првите три месеци од 2017-та година како што кулуминираше политичката криза почна тонењето на македонска економија, за во вториот квартал да биде 1,3% додека во третиот квартал го достигна дното од 0,2% што беше најнизок раст на една економија во цела Европа.

Во последниот квартал растот на економијата се очекува да биде помеѓу 0 % и 0,5% што повторно не сместува на последното место во Европа иако министерот за финансии Драган Тевдовски ја уверуваше пред само неколку месеци целата македонска јавност дека годинава ќе ја завршиме со 2,2% раст на економијата што е едно од најголемите промашувања за прогонозите за економски раст.

Речиси и да не постои сектор кој не е погоден од ваквите лоши политики. Намалено е производството, индустријата но и градежништвото што беше главен двигател на економијата каде новата влада на еден неразбирлив начин ги стопира речиси сите предвидени проекти.

Колку е реален економскиот раст од 3,2%

 3,2% се предвидува економски раст во 2018-та година од страна на Министерството за финансии. Ова е дури за 1,8 % помалку од тоа што беше најавувано од страна на СДСМ во нивиот план “За живот“ . На страна 61 во делот кај нашите цели е напишано: Просечен економски раст повисок од 5% во периодот на четиригодишниот мандат. Со вакво темпо ветувањето од 5% еконмски раст е голема манипулација од страна на Зоран Заев, па дури легитимно е да се постави прашањето дали и предвидувањата од 3,2% се остварливи.

СДСМ енормно ќе ја задолжи државата

Иако додека беа во опозиција СДСМ не прекинаа да критикуваат за тоа колку е голем секој буџет што е донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за задолжување и ред други работи сепак тие го донесоа историски највисокиот буџет што го имала до сега Република Македонија од 3,44 милијарди евра. Во новиот буџет предвидено е верувале или не да се позајмат речиси 856 милиони евра.

Веќе се зборува дека Владата ангажирала четири банки се со цел да го подготват задолжувањето. Шпекулациите се дека оваа еврообврзница ќе тежи речиси 500 милиони евра. Околу задолжувањето свое видување вчера даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека во ред е државата да се задолжува, но тоа треба правилно да се искористи. Во овој период според Мицкоски, СДСМ постојано не задолжува, но тоа граѓаните не можат да го видат и притоа потенцираше дека при последното задолжување СДСМ буквално и има наштетено на Македонија и на нивните граѓани со дописот до меѓународните институции а цехот мораше да го платат граѓаните. Тој исто така кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема тоа никогаш да го направи се со цел да не им наштети на граѓаните на Република Македонија.

Името тука вреди да се спомене дека моментално јавниот долг на државава изнесува 4,7 милијарди евра но со последното задолжување ќе ја пробие дури и црвената линија од 50% и ќе достигне 52,4 % од БДП.

 Просечна плата од 500 евра

 380 евра е просечната нето плата според Државниот Завод за статистика и е далеку 500 евра плата што ја вети Заев за време на изборите.  Ваквото нереално ветување беше јасно уште од самиот почеток. 

Во програмата на СДСМ на 3-тата страна пишува:  Гарантираме повисоки плати. Просечна плата до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор. 

Не само што сме далеку од ова ветување туку е и неостварливо. Дури и според проекциите на Министерството за финансии и Народната Банка ваквото ветување од 500 евра просечна плата е научна фантазија. Ќе има зголемување на бруто платата од 557 евра колку што изнесува сега за минимални 11 евра или 568 евра бруто плата. Само за споредба за да некој земе плата од 500 евра треба неговата бруто плата да биде некаде околу 726 евра. Иако ја зголемија минималната плата на 12 илјади проблемите што беа алармирани од синдикатите излегоа на виделина.

Во последен момент се вметна “норминиран“ учинок така да не земаат сите минимална плата, додека голем број на текстилни фабрики или ги приморуваат работниците да ги вратат парите или не можат да ја исплататат минималната плата.

Намалување на невработеноста.

ВМРО-ДПМНЕ наследи невработеност од 36% во 2006-та година за веќе до 2017-та година таа да достигне 22,1 % . Значи во 11 годишното владеење од ВМРО-ДПМНЕ невработеноста успеа да падне за фрапантни 14 % или во просек по 5,5 % на годишно ниво. Владата предвидела дека во 2019-та година невработеноста ќе се намали на 21,5 % во 2019-та, односно за само 0,6% би се намалила невработеноста што е историски најниска прогноза за намалување на стапката на невработеност.

 Во изминативе месеци граѓаните не видоа ништо од тоа што им беше ветувано како подобар животен стандард, повисоки плати и пензии. Не се привлече ниту една странска инвестиција, а договорите што се потпишаа со новите се наследени од ВМРО-ДПМНЕ. 

Се стекнува впечаток дека Македонија како дестинација за привлекувањ е на странски инвестиции ја губи позицијата,односно ја губи трката со другите држави во соседството, која што ја имаше пред неколку години. Државите кои ни се во соседството забрзано работат на тоа како да привлечат нови странски компании се со цел подобрување на животот на нивните граѓани.

Овие мерки и планови што ги планира владата на СДСМ во досегашниот период не дадоа резулати и не им го подобрија животот на граѓанните. Ваквите еконмски мерки не им донесоа  на граѓаните просечна плата од 500 евра а ниту не им го подобрија животниот стандард.