недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Економија

Мицевски: Економскиот колапс е очигледен, бројките потврдуваат

Мицевски: Економскиот колапс е очигледен, бројките потврдуваат

Црните прогнози за економијата и стравовите од неспособноста на владата на СДСМ се остваруваат. Економскиот колапс е очигледен и за жал тоа го потврдија и бројките, истакна на денешната прес-конференција Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски вели дека Зоран Заев и СДСМ ветувале годишен раст на економијата во просек од 5%, а оствариле најнизок во регионот и Европа, односно остварија една голема нула.

-Доколку СДСМ успееше да го достигне барем растот од последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно 2016-тата, тогаш државата и граѓаните ќе беа побогати за 300 милиони евра. Растот на економијата во 2017 година изнесува 0%. Ова е показател дека власта не знае да ја води економијата. Владата ја води државата кон економски колапс. Една година претходно, кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, година на политички кризи и избори економскиот раст изнесуваше 2.9%. Падот на растот ги чини граѓаните 300 милиони евра. Економијата тоне, а власта истовремено расипнички се задолжува. СДСМ ги осиромашува граѓаните. Наместо политики за економски раст СДСМ спроведува политики со кои ја уништува економијата. Неспособноста и безидејноста на економски план ја клекнаа државата на колена, нагласува тој.

Мицевски посочува дека инвеститорите не заобиколуваат. Капитални инвестиции нема. Доколку продолжи овој тренд државата допрва ја чека катастрофа.

-Имено Република Македонија бележи пад на бруто-инвестициите од 1%, а тие се показател на идните движења во економијата. Падот на инвестициите укажува дека македонската економија и во следните години ќе остварува ниски стапки на раст. Во исто време градежништвото забележало пад од околу 20%. Тоа е цената на стопирање на изградбата на автопатите и останатите капитални проекти. Граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста на СДСМ. Ветуваа живот, донесоа беда, нагласи Мицевски на денешната прес-конференција.