Економија

Македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи во Варшава

Во Варшава од денеска до сабота ќе се одржува првиот македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи со цел да се создадат поблиски економски контакти, можности за економска соработка и да се промовира македонскиот извоз во Полска.

 

Една од целите на форумот е да се привлечат и потенцијални инвестиции од Полска и да се согледаат полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите за заеднички настап на компаниите од Македонија и Полска во трети земји.

Во рамки на форумот планирано е да се одржат и повеќе средби и посети на организации, компании и комори како што е Полско-балканската комора во која членовуваат полски фирми ориентирани кон регионот на Југоисточна Европа.

Ќе бидат презентирани и полски компании кои веќе работат на македонскиот пазар како што се ИТ компанијата Асеко и туроператорот Рего – Бис кој од оваа сезона почна со првите туристички понуди и чартер летови на релација Катовице – Охрид.

На форумот е најавено учество на жени претприемачи од Македонија и од Полска, а ќе го отворат претставниците од директоратите за економска дипломатија Шпеса Јусуфи и Војчек Поникијевски. Воведно обраќање е најавено и од вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Варшава, Горица Атанасова – Ѓоревска.