понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 0
home Економија

Македонската економија за 2017-та со најслаби резултати по квартали и годишно споредена со последните 4 години

Македонската економија за 2017-та со најслаби резултати по квартали и годишно споредена со последните 4 години

Македонската економија бележи најслаб раст на БДП во регионот од нула отсто. Имено, ова е исто така најслаб резултат споредено со растот во последните 4 години односно од 2013 па наваму, анализира Економски.мк.

Раст на БДП  од 2013 до 2016 година се забележува и годишно и квартално споредено со 2017-та, кога македонската економија бележи стагнација.

Според официјалните податоци, македонската економија бележи раст од 2013-та па се до 2016-та година, за да во 2017-та година се соочи со стагнација или раст на економијата од 0 %.

БДП Годишен  раст на македонската економија

2017= 0%

2016= 2,9%

2015=3,9%

2014=3,6%

2013=2,9%

Во услови кога целокупниот регион бележи раст на БДП и на целокупната економија, Македонија се соочува со пад на БДП, пад на градежништвото и пад на индустриското производство. Така според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 се издадени 189 одобренија за градење, што е за 48.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 412 194 илјади денари, што е за 54.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според официјалните  податоците БДП од 2013 година се до 2016 растел солидно и во 2015 достигнува скоро 4 % раст што е показател за добри економски политики и раст на градежништвото, индустријата и инвестициите додека за 2017 имаме нула што е катастрофално лош резултат.

Експертите велат дека ваквата лоша состојба во економијата и лошите резултати за 2017 година се показател дека владата не носи добри економски политики. При вакви услови стандардот на граѓаните се намалува додека сиромаштијата расте секојдневно .

Додека Македонија беше лидер во регионот и во време на економска криза имаше раст на БДП за 2017 ги бележи најлошите економски резултати. Според економистите при ваква состојба на БДП која изнесува нула економијата  нема реални можности за висок раст на економијата во 2018.