сабота, 23. јуни 2018. Вести денес: 78
home Економија

Македонија со најниска просечна плата во регионот

Македонија со најниска просечна плата во регионот

Словенија има највисока просечна плата во регионот, а најниска Македонија.

Просечната плата во Словенија во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави Анадолија.

Во Хрватска просечната плата изнесувала 795,53 евра, Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, Србија 396,29 евра.

Во текот на 2017 година најголем раст просечната плата имала во Хрватска за 45,83 евра, а најмалку во Босна и Херцеговина за 8,13 евра и Црна Гора за осум евра.

Во Словенија во текот на 2017 година просечната плата е зголемена за 36,07 евра во Србија за 26,59 евра и во Македонија 18,10 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија просечната плата во октомври изнесувала 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци од годинава 22.808 денари.