понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 127
home Економија

Издадени 93 милиони евра државни хартии од вредност

Издадени 93 милиони евра државни хартии од вредност

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра), од кои утре ќе врати 4,727 милијарди денари (76,9 милиони евра), а на 26.03.2018 година една милијарда денари (16,3 милиони евра), по основ на стари долгови од порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, односно вкупно достасуваат 5,727 милијарди денари (93,1 милиони евра). Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција, велат од Министерствто.

На аукцијата, нагласуваат, беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула (Ре-опенинг) во износ од 4,124 милијарди денари со камата од 1,20%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 600 милиони денари со камата од 1,60 отсто и три-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од една милијарда денари со камата од 1,80 отсто.

– Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,621 милијарди денари со камата од 1,85 отсто и пет-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 106 милиони денари, со каматна стапка 5,15 отсто. Дополнително, на 26.03.2018 година достасуваат три-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од 2,65 отсто. Односно, каматните стапки на државните хартии од вредност кои се отплаќаат се двојно и тројно повисоки од сега издадените, потенцираат од Министерството за финасии.