Економија

ИСОС додели лиценци за сметководствена дејност: Со регулирањето на професијата ќе се подобри квалитетот на услугите

Денеска Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија согласно законот за вршење на сметководствени работи и статутот на институтот, ги доделија првите лиценци за работа во Република македонија. Претседателката на ИСОС, Ленче Папазовска кажа дека со регулирањето на сметководствената професија во Македонија благодет ќе види бизнис заедницата

 

-Вкупно 334 лиценци денеска се поделени и тоа на трговци поединци, овластени сметководители и останатите друштва за вршење на сметководствена работа. Се надеваме дека регулирањето на сметководствената  професија во Македонија и лиценцирањето на друштвата за вршење сметководствена работа, дека ќе го подобри квалитетот на услугите кои  што ги даваат сметководителите во Македонија, од кои што бизнис заедницата ќе има голем благодет, но исто така и општествената заедница во целина, изјави Папазовска.

Пред извесно време се донесе минимален износ за утвдување на услугите на сметководителите, на што одредени компании реагираа. Папазовска изрази надеж дека бизнис заедницата ќе има разбирање за актите кои ИСОС ги носи во соработка и по барање на своите членови.

-Соработката која што ја имаме и со стопанските комори, ни укажуваат дека е потребно донесување на вакви критериуми, врз основа на кои што критериуми и нивно рангирање ќе можат друштвата кои еве денеска се лиценцираат, ќе можат да си донесат свои ценовници, врз основа на кои што во иднина ќе ги склучуваат нивните договори за вршење на своите работи, изјави Папазовска.

И од сметководствената фела се задолни од новите услови за работа кои ги воведе ИСОС, сметководителката Билјана Киселички вели дека со новите критериуми и цените можеби ќе бидат повисоки, но и квалитетот на работата на сметководителите поголем.

-Воведувањето на минималните критериуми за цената на сметководствената услуга, секако ќе допринесе за зголемување на кавалитетот имајќи во предвид ИСОС наметна  нови поголеми одговорности за сметководствените бироа. Со самото тоа што се воведе осигурување од професионална одговорност на 20 илјади евра, со самото тоа нашите клиенти може да бидат посигурни дека согласно законските прописи, меѓутоа за тоа да настане мора да се зголеми сметководствената цена, изјави Киселички.