сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 70
home Економија

„Фич“: Кредитниот рејтинг е ист, владината проекција за раст потфрли

„Фич“: Кредитниот рејтинг е ист, владината проекција за раст потфрли

Фич не го зголеми кредитниот рејтинг на Македонија, туку го потврди на “ББ” – рејтингот кој го имаме од август 2016, кога поради политичката ситуација и негативната кампања која ја имаше тогашната опозиција на СДСМ кон инвесторите ни беше намален од “ББ+”.

Соопштението на самата кредитна агенција ги демантира премиерот Заев и министерот Тевдовски дека ни е подобрен рејтингот.

“Кредитната агенција Фич го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија на “ББ”, со позитивен изглед во иднина”, пишува во соопштението. Ова значи дека кредитниот рејтинг на Македонија останува ист, но со можен изглед во иднина да се зголеми.
Агенцијата забележува и дека растот на економијата значително забавил од 2.9 раст во 2016 година на само 0,5 раст во 2017. Фич нотира дека остварениот раст е далеку под проекцијата на Владата од 1,6 отсто, односно, според пресметките, Владата потфрлила 70 отсто со проекцијата.

Како главни закани Фич ги гледа зголемувањето на долгот на тековната сметка и намалување на девизните резерви и неисполнување на фискалните таргети.